• Намалени царински давачки за 50%, за возила со странски регистарски таблички кои влегле во РС Македонија до 01.10.2020 година

    Со Предлогот на закон за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Северна Македонија, целтa е за време на траење од година дена, возила со странски регистарски таблици кои влегле на територијата на Република Северна Македонија до 1 Октомври 2020 година, да имаат можност да се регистрираат согласно овој закон со можност да се платат царинските давачки со намалување за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.

    Законот ја уредува постапката и условите за регистрација на моторни возила за превоз на патници (категорија М), возила за превоз на товар (категорија N), возила на две и три тркала и квадрацикли (категорија L) и приколки – вклучително и полуприколки (категорија О).

    Возилата, за кои е поднесено барањето за регистрација задолжително треба да ги исполнуваат следните услови т.е сопственикот или корисникот, односно лицето овластено за отуѓување на возилото или лицето кое ќе го купи возилото да ги има:

    -регулирано царинските и даночните обврски за возилото во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон,

    – да поседува важечка сообраќајна дозвола,

    – осигурување,

    – зелен картон,

    -возилото да е влезено на територијата на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година,

    -Изјава заверена кај нотар со која под кривична, морална и материјална одговорност потврдува дека возилото има направено влез на територија на Република Северна Македонија до 1 октомври 2020 година, и истата ја приложува при регистрација на возилото и при постапка на увозно царинење на возилото.

    Формата и содржината на Изјавата треба да ја пропише директорот на Царинска управа.

    Останатите постапки се согласно Законот за возила.

    Овој закон би требало да отпочне да се применува од 01.01.2021 година.

  • Топ 10 најпосакувани автомобилски марки за увоз во РС Македонија

    Помина  половина од 2020 година, доволен период  да се добие слика за тоа кои марки на возила се најпосакувани од Македонците. Според нашите статистички податоци од направени пресметки за царински давачки при увоз на возила, може да се добие слика кои возила најповеќе се увезуваат. Според тоа ќе ги наведеме 10 најбарани автомобилски марки на возила на пазарот:

    1 MERCEDES-BENZ
    2 BMW
    3 VW
    4 AUDI
    5 OPEL
    6 FORD
    7 LAND ROVER
    8 FIAT
    9 PEUGEOT
    10 SEAT

    Првите четири места  ги завземаат германските производители на автомобили, кој претставуваат околу 60% од вкупната побарувачка за пресметки за царински давачки. Со еден збор Македонецот итро избира и сите се покажуваат како  купувачи на веќе докажани марки. Тоа се потврдува и со резултатите за најпродавани модели на Mercedes и BMW, традиционално најжестокиот дуел на пазарот.

  • Се менува Законот за данок на моторни возила

    Се зборува по медиумите дека после Нова Година тој што сака да увезе постар и понееколошки автомобил ќе плаќа поголем данок. Кој ќе увезе постар автомобил со пониски еколошки стандарди ќе плаќа поголем данок. Законот за данок на моторни возила треба да го помине собранискиот филтер до крајот на годината. Покрај тоа која година е произведен автомобилот како и неговата вредност, многу важен параметар за данокот ќе биде и колкава емисија на јаглерод диоксид испушта во околината, односно колку е загадувач.

    Основица за пресметување на данокот на моторни возила при увоз и привремен увоз на моторни возила e износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 изразена во грамoви по километар во зависност од видот на погонското гориво и царинската вредност на моторното возило утврдена во согласност со царинските прописи зголемена за износот на царината. Тоа ќе важи за сите патнички автомобили и останати моторни возила конструирани првенствено за превоз на лица, вклучувајќи моторни возила за комбиниран превоз на лица и стоки од типот караван, комби и слично, спортски автомобили, патнички возила кои се движат на хибриден електричен погон, освен за амбулантни возила, доставни “van“ возила и возила посебно прилагодени и наменети за превоз на починати лица.

    За моторциклите (вклучително и мопеди), скутери и слични возила со или без странична приколка и трицикли и четирицикли, царинската основица за пресметување на данокот на моторни возила при внес на моторни возила ќe биде зафатнината на моторот искажана во сантиметри кубни – см3 и нивото на емисија на издувните гасови (еуро норма).

    За моторните возила ”pick-up” возила со двојна кабина, основица за пресметување на данокот на моторни возила при производство, увоз и привремен увоз ќе биде силината на моторот искажана во киловати – kW и нивото на емисија на издувните гасови (еуро норма).

    Значи според овие параметри ќе се пресметува колкави давачки треба да платите при увоз на моторно возило. Затоа ние сме тука, да ви дадеме точна пресмета на давачките.

  • Правила за увозно царинење на употребувани возила во Р.Северна Македонија

    Правила за увозно царинење на употребувани возила во Р.Северна Македонија
    Ве информираме дека Царинската управа на Република Северна Македонија утврдувањето на царинската вредност при увоз на употребувани патнички, комбинирани и лесно доставни товарни возила и мотоцикли (во понатамошниот текст: употребувани моторни возила), проценката на вредноста се врши со користење на електронскиот каталог SchwackeNet.

    Пребарувањето во електронскиот каталог се врши од страна на царински службеник во секоја од наведените царински испостави, одговорен за пребарување во електронскиот каталог. Пребарувањето се врши исклучиво врз основа на поднесена декларација за увозно царинење на употребувано моторно возило со внесување на бројот на шасија во системот. Доколку не се добие податок од базите на податоци со внесување на бројот на шасија во системот, тогаш проценката на вредноста ќе се врши со рачно пребарување во електронскиот каталог SchwackeNet.

    На овој начин, со воведување на овој електронски систем, пребарувањето ќе биде брзо, едноставно и транспарентно, а истовремено и воедначено на целата територија, со што се исклучени било какви ненамерни грешки или субјективен фактор при утврдувањето на вредноста на употребуваните моторни возила, пишува customs.gov.mk. Трошоците за пребарување во електронскиот каталог се на товар на Царинската управа на Република Македонија.

    Царинењето на употребуваните моторни возила се врши по месна надлежност во царинските испостави кои се определени за увозно царинење на моторни возила и тоа:

    во Царинарница Скопје (ЦИ Скопје 1, ЦИ Скопје 2, ЦИ Скопје 3, ЦИ Блаце и ЦИ Тетово), во Царинарница Куманово (ЦИ Куманово и ЦИ Деве Баир), во Царинарница Штип (ЦИ Штип, ЦИ Делчево и ЦИ Велес), во Царинарница Гевгелија (ЦИ Гевгелија, ЦИ Кавадарци, ЦИ Струмица и ЦИ Ново Село) и во Царинарница Битола (ЦИ Битола, ЦИ Меџитлија, ЦИ Прилеп, ЦИ Охрид и ЦИ Струга), пишува customs.gov.mk.

  • Колку би биле царински давачки за возило VW Golf 2.0 TDI DPF 4Motion Comfortline од 2011 година

    Колку би биле царински давачки за возило

    VW Golf 2.0 TDI DPF 4Motion Comfortline од 2011 година во Р.Северна Македонија
    При проценка и утврдувањето на царинската вредност за употребувано моторно возило VW Golf 2.0 TDI DPF 4Motion Comfortline од 2011 година во Р.Северна Македонија, би се користеле електронски бази на податоци и царинските давачки би изнесувале:

    – Со користење на доказ за потекло (ЕУР1 или изјава за потекло во фактура) би биле: 86063 денари.
    – Без користење на доказ за потекло (ЕУР1 или изјава за потекло во фактура) би биле: 110425 денари.

    Доколку сакате да ги дознаете вкупните трошоци до регистрирање на возилото, на цариниските давачки треба да ги додадете надворешните трошоци или трошоци до поднесување на царинска декларација за увозно царинење на возилото и внатрешните трошоци до регистрација на возилото.

  • Колку би биле царински давачки за возило AUDI A5 2.0 TDI Sportback DPF од 2013 година

    Колку би биле царински давачки за возило

    AUDI A5 2.0 TDI Sportback DPF од 2013 година во Р.Северна Македонија
    При проценка и утврдувањето на царинската вредност за употребувано моторно возило AUDI A5 2.0 TDI Sportback DPF од 2013 година во Р.Северна Македонија, би се користеле електронски бази на податоци и царинските давачки би изнесувале:

    – Со користење на доказ за потекло (ЕУР1 или изјава за потекло во фактура) би биле: 174245 денари.
    – Без користење на доказ за потекло (ЕУР1 или изјава за потекло во фактура) би биле: 220317 денари.

    Доколку сакате да ги дознаете вкупните трошоци до регистрирање на возилото, на цариниските давачки треба да ги додадете надворешните трошоци или трошоци до поднесување на царинска декларација за увозно царинење на возилото и внатрешните трошоци до регистрација на возилото.

  • Увоз на возила од САД

    Увоз на возила од САД

    Увоз на возила од САД во нашето законодавство е регулирано во Законот за возила од 2008 година. Во членот 24 став 1 точка 4, став 2 и став 4, каде е пропишано дека кај правно лице кое врши технички преглед, овластено за изведување на постапката за идентификација (хомологација) и оцена на техничката состојба на возилата. Во нашето законодавство е пропишано дека при увоз, половните патнички возила треба да имаат најмалку EURO стандард 4. EURO (European emission standards) – значи европските стандарди за емисија ги дефинираат прифатливите граници за емисија на издувни гасови на нови возила што се продаваат во земјите членки на Европската унија. Стандардите за емисија се дефинирани во серија директиви на Европската унија, во кои се предвидува прогресивно воведување на сè построги стандарди. Така од EURO 1 стандард денес e дојден на ниво EURO 6 стандарди емисија на издувни гасови.
    Според членот 24 став 1 точка 4, став 2 и став 4, е пропишано да започнат постапка лица државјани на Република Македонија кои се враќаат од постојана или привремена работа или престој во странство, доколку биле во странство најмалку една година без прекин.
    Постапката се врши само врз основа на приложена документација, без преглед на возилото и без барање за сообразување (хомологација) со европските прописи од областа на возилата. Постапката важи за возила од категоријата М1 (патнички моторни возила) и категорија L (моторцикли).
    Кон барањето треба да се приложи следната документација:
    • Фотокопија од претходната сообраќајна дозвола доколку е употребувано возилото или фактура за ново возило.
    • Техничките барања за половните возила од категорија М1, произведени во САД, треба да бидат поткрепени со доказ за исполнување на стандард на емисија на издувни гасови според Агенцијата за заштита на животна стредина (ЕРА), издаден од соодветна надлежна иституција од САД. Стандардите треба да бидат согласно американскиот стандард TIER 2 од 1999 година, кој содејствува на европскиот EURO 3 стандард.
    • Доказ за платени царински давачки.
    • Потребно е да извадите потврда од МВР дека сте ја напуштиле државата на подолг рок и друго.
    Потребно е да се запази рокот од една година од постојаното враќање, односно од добивање на дозвола за постојано или привремено престојување од МВР, ако возилото претходно било во сопственост на барателот најмалку шест месеца пред влегувањето во Република Македонија.
    После постапката ќе добиете потврда дека вашето возило иако ги нема европските EURO стандарди, ќе може да се регистрира во Република Северна Македонија.

    Користена легислатива и податоци од Сл.весник број на РМ 16/2010, 13/2011 и 185/2011.

  • Давачки при увоз на возила од Германија

    Со уредба од Владата на Република Северна Македонија е утврден начинот на пресметка на данокот на моторни возила и ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2020 година.
    Со новата уредба или новиот Закон за моторни возила се воведени два нови даноци за овие возила и тоа:
    данок на моторно возило според вредноста на возилото,
    Вредносната компонента е производ од вредноста на моторното возило и процентот од вредноста на возилото за соодветна категорија на вредноста од табелата:

    Давачки при увоз на возила од Германија
    1 Лет до Германија 20
    2 Хотел во Германија 20
    3 Царински таблички и осигурување 200
    4 Технички преглед во Германија 80
    5 Извозна декларација 75
    6 Вадење на ЕУР1 50
    7 Гориво 200
    8 Вињети и патарини 55
    9 Транзитен документ до царински терминал 20
    10 Царински терминал 20
    11 Хомологација 80
    12 Превод на документи и нотар 20
    13 Технички преглед во Македонија 90
    14 Сообраќајна, таблички и таксени марки 30
    15 Осигурување на возилото 140
    16 Редовен сервис 100
    17 Нови гуми 200
  • Начин на пресметка на данокот за возила наменети за такси превоз на патници

    Со уредба од Владата на Република Северна Македонија е утврден начинот на пресметка на данокот на моторни возила и ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2020 година.
    Со новата уредба или новиот Закон за моторни возила се воведени два нови даноци за овие возила и тоа:
    данок на моторно возило според вредноста на возилото,
    Вредносната компонента е производ од вредноста на моторното возило и процентот од вредноста на возилото за соодветна категорија на вредноста од табелата:

    Вредност на моторното возило (EUR)
    над до пВВ
    <<< 10000 0%
    10001 12000 1%
    12001 14000 2%
    14001 16000 4%
    16001 18000 6%
    18001 20000 8%
    20001 23000 10%
    23001 26000 12%
    26001 29000 14%
    29001 32000 16%
    32001 35000 17%
    35001 40000 18%
    40001 50000 19%
    50001 >>> 20%

    ПРИМЕР 1:
    Ако вредноста на возилото според фактурната вредност или прилагодена вредност од царинскиот орган е 12500 ЕВРА, пресметката ќе биде:
    12500 ЕВРА х 2%=250 ЕВРА x 61,52 курс=15380 (данок)

    НАПОМЕНА:
    Доколку сакате да е дознаете вредноста на вашето возило при царинење, посетете не на:
    www.davackizavozila.mk

    данок на моторно возило според СО2 издувните гасови на возилото.
    Данокот на моторните возила според СО2 се пресметува како специфичната компонента, која е производ од износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 и вредноста за 1 грам јаглерод диоксид – CO2 за соодветна категорија во зависност од видот на горивото кое се користи за погон на возилото, според табелата:

    Вредности на CO2 Коефициенти
    над до Бензин, Тнг Дизел
    0 0 0 0
    1 50 5 10
    51 75 10 20
    76 90 20 40
    91 100 30 60
    101 110 40 80
    111 130 50 100
    131 140 70 130
    141 150 100 160
    151 170 130 190
    171 190 160 220
    191 225 190 250
    226 225 220 280
    256 >>> 250 320

    ПРИМЕР 1
    Ако вредноста на СО2 издувните гасови на возилото според соодветен документ е 125 g/km и вид на гориво користи дизел, пресметката ќе биде:
    125 х 100=12500 денари (данок)
    НАПОМЕНА:
    Доколку сакате да е дознаете вредноста на СО2 на вашето возило при царинење, посетете не на:
    www.davackizavozila.mk

    Данокот на патничките моторни возила се пресметува како збир од вредносна и специфична компонента:

    (данок по вредност) 15380 +12500 (данок според СО2) =27880 денари (вкупен данок).

    Вкупниот данок влегува во царинската основица за пресметка на царинските давачки. За да ги дознаете царинските давачки посетете не на www.davackizavozila.mk.

  • Начинот на пресметка за pick-up товарни возила

    Со уредба од Владата на Република Северна Македонија е утврден начинот на пресметка на данокот на моторни возила и ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2020 година.

    Данокот на моторните возила од член 6 став (1) точки 3) и 5) од Законот се пресметува како производ од износот на зафатнината на моторот искажана во кубни сантиметри – см3 и вредноста на еден кубен сантиметар во зависност од нивото на емисија на издувните гасови. Данокот за овие моторни возила се пресметува според следната формула:

    ДМВ = ЗФМ x К

    при што:
    ДМВ е данок на моторни возила изразен во денари;
    ЗФМ е зафатнината на моторот искажана во кубни сантиметри – см3 и
    К е единечна вредност на еден кубен сантиметар што е наведена во Табела 4, а која одговара за граничните вредности на зафатнина на моторот искажана во кубни сантиметри-см3 , и чиј износ е зависен од нивото на емисијата на издувните гасови.

    Табела 4 – Гранични вредности на зафатнина на моторот и единечна вредност на еден кубен сантиметар искажана во денари

    Зафатнина на мотор во кубни сантиметри – cм3 K – единечна вредност на 1 cm3
    >Euro IV норма Euro III норма Euro II норма Euro I норма
    над до ден/cm3 ден/cm3 ден/cm3 ден/cm3
    50 cm3 125 cm3 5 ден 7 ден 8 ден 10 ден
    125 cm3 250 cm3 5 ден 7 ден 8 ден 10 ден
    250 cm3 380 cm3 5 ден 7 ден 8 ден 10 ден
    380 cm3 500 cm3 5 ден 7 ден 8 ден 10 ден
    500 cm3 800 cm3 5 ден 7 ден 8 ден 10 ден
    800 cm3 >>> 5 ден 7 ден 8 ден 10 ден

    ПРИМЕР 1:
    Силина на мотор во киловати (kW) – 130 kW
    Еуро норма – Euro II норма
    ДМВ = 130 x 270 ден = 35.100 ден

    НАПОМЕНА:
    Доколку сакате да ја дознаете ЕУРО нормата на возилото, посетете не на:www.davackizavozila.mk

  • Начин на пресметка на данок за патнички моторни возила

    Со уредба од Владата на Република Северна Македонија е утврден начинот на пресметка на данокот на моторни возила и ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2020 година.
    Со новата уредба или новиот Закон за моторни возила се воведени два нови даноци за овие возила и тоа:
    данок на моторно возило според вредноста на возилото,
    Вредносната компонента е производ од вредноста на моторното возило и процентот од вредноста на возилото за соодветна категорија на вредноста од табелата:

    Вредност на моторното возило (EUR)
    над до пВВ
    <<< 10000 0%
    10001 12000 1%
    12001 14000 2%
    14001 16000 4%
    16001 18000 6%
    18001 20000 8%
    20001 23000 10%
    23001 26000 12%
    26001 29000 14%
    29001 32000 16%
    32001 35000 17%
    35001 40000 18%
    40001 50000 19%
    50001 >>> 20%

    ПРИМЕР 1:
    Ако вредноста на возилото според фактурната вредност или прилагодена вредност од царинскиот орган е 12500 ЕВРА, пресметката ќе биде:
    12500 ЕВРА х 2%=250 ЕВРА (данок)

    НАПОМЕНА:
    Доколку сакате да е дознаете вредноста на вашето возило при царинење, посетете не на:
    www.davackizavozila.mk

    данок на моторно возило според СО2 издувните гасови на возилото.
    Данокот на моторните возила според СО2 се пресметува како специфичната компонента, која е производ од износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 и вредноста за 1 грам јаглерод диоксид – CO2 за соодветна категорија во зависност од видот на горивото кое се користи за погон на возилото, според табелата:

    Вредности на CO2 Коефициенти
    над до Бензин, Тнг Дизел
    0 0 0 0
    1 50 5 10
    51 75 10 20
    76 90 20 40
    91 100 30 60
    101 110 40 80
    111 130 50 100
    131 140 70 130
    141 150 100 160
    151 170 130 190
    171 190 160 220
    191 225 190 250
    226 225 220 280
    256 >>> 250 320

    ПРИМЕР 1
    Ако вредноста на СО2 издувните гасови на возилото според соодветен документ е 125 g/km и вид на гориво користи дизел, пресметката ќе биде:
    125 х 100=12500 денари (данок)
    НАПОМЕНА:
    Доколку сакате да е дознаете вредноста на СО2 на вашето возило при царинење, посетете не на:
    www.davackizavozila.mk
    Данокот на моторни возила (ДМВ) наменети за такси превоз на патници се пресметува како збир од вредносна и специфична компонента:

    (данок по вредност) 15380 +12500 (данок според СО2) =27880 денари (вкупен данок).
    – За купени нови патнички моторни возила кои регистрирани лица ги набавуваат за вршење основна дејност автотакси превоз на патници, согласно одредбите од член 21 став (1) од Законот, износот на платениот данок на моторни возила се враќа во износ од 25 %.

    Се враќа 25% од платен ДМВ или 27.880 ден х 25% = 6.970 ден.
    ДМВ во овој случај изнесува 20.910 денари.

    – За купени нови патнички моторни возила со 7+1 или 8+1 седиште кои регистрирани лица ги набавуваат за вршење основна дејност автотакси превоз на патници или правни лица ги користат за превоз на лица за службени потреби, согласно одредбите од член 21 став (2) од Законот, износот на платениот данок на моторни возила се враќа во износ од 80 %.

    Се враќа 80% од платен ДМВ или 27.880 ден х 80% = 22.304 ден.
    ДМВ во овој случај изнесува 5.576 денари.

    Вкупниот данок влегува во царинската основица за пресметка на царинските давачки. За да ги дознаете царинските давачки посетете не на www.davackizavozila.mk.

  • Начинот на пресметка за моторцикли и четирицикли

    Со уредба од Владата на Република Северна Македонија е утврден начинот на пресметка на данокот на моторни возила и ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2020 година.

    Данокот на моторните возила од член 6 став (1) точки 3) и 5) од Законот се пресметува како производ од износот на зафатнината на моторот искажана во кубни сантиметри – см3 и вредноста на еден кубен сантиметар во зависност од нивото на емисија на издувните гасови. Данокот за овие моторни возила се пресметува според следната формула:
    ДМВ = ЗФМ x К

    при што:
    ДМВ е данок на моторни возила изразен во денари;
    ЗФМ е зафатнината на моторот искажана во кубни сантиметри – см3 и
    К е единечна вредност на еден кубен сантиметар што е наведена во Табела 4, а која одговара за граничните вредности на зафатнина на моторот искажана во кубни сантиметри-см3 , и чиј износ е зависен од нивото на емисијата на издувните гасови.

    Табела 4 – Гранични вредности на зафатнина на моторот и единечна вредност на еден кубен сантиметар искажана во денари:

    Зафатнина на мотор во кубни сантиметри – cm3 K – единечна вредност на 1 cm3
    >Euro IV норма Euro III норма Euro II норма Euro I норма
    над до ден/KW ден/KW ден/KW ден/KW
    50 cm3 125 cm3 5 ден 7 ден 8 ден 10 ден
    125 cm3 250 cm3 5 ден 7 ден 8 ден 10 ден
    250 cm3 380 cm3 5 ден 7 ден 8 ден 10 ден
    380 cm3 500 cm3 5 ден 7 ден 8 ден 10 ден
    500 cm3 800 cm3 5 ден 7 ден 8 ден 10 ден
    800 cm3 >>> 5 ден 7 ден 8 ден 10 ден

    ПРИМЕР 1:
    Зафатнина на мотор во кубни сантиметри-см3 – 650 cм3;
    Еуро норма – Euro II норма;

    ДМВ = 650 x 8 ден = 5.200 ден

    НАПОМЕНА:
    Доколку сакате да ја дознаете ЕУРО нормата на возилото, посетете не на:www.davackizavozila.mk

  • Начин на пресметка на данок за plug-in хибридно електрично возило

    Со уредба од Владата на Република Северна Македонија е утврден начинот на пресметка на данокот на моторни возила и ќе отпочне да се применува од 1 јануари 2020 година.
    За “plug-in” хибридни електрични возила, согласно одредбите од член 9 став (3) од Законот, данокот на моторни возила се пресметува во износ намален за 50% од пресметаниот данок на моторни возила.

    Со новата уредба или новиот Закон за моторни возила најпрво се пресметуваат двата нови даноци за овие возила и тоа:
    данок на моторно возило според вредноста на возилото,
    Вредносната компонента е производ од вредноста на моторното возило и процентот од вредноста на возилото за соодветна категорија на вредноста од табелата:

    Вредност на моторното возило (EUR)
    над до пВВ
    <<< 10000 0%
    10001 12000 1%
    12001 14000 2%
    14001 16000 4%
    16001 18000 6%
    18001 20000 8%
    20001 23000 10%
    23001 26000 12%
    26001 29000 14%
    29001 32000 16%
    32001 35000 17%
    35001 40000 18%
    40001 50000 19%
    50001 >>> 20%

    ПРИМЕР 1:
    Ако вредноста на возилото според фактурната вредност или прилагодена вредност од царинскиот орган е 25000 ЕВРА, пресметката ќе биде:
    25000 ЕВРА х 12% = 3000 ЕВРА х 61,52 курс=184560 денари (данок)

    НАПОМЕНА:
    Доколку сакате да е дознаете вредноста на вашето возило при царинење, посетете не на:
    www.davackizavozila.mk

    данок на моторно возило според СО2 издувните гасови на возилото.
    Данокот на моторните возила според СО2 се пресметува како специфичната компонента, која е производ од износот на просечната емисија на јаглерод диоксид – CO2 и вредноста за 1 грам јаглерод диоксид – CO2 за соодветна категорија во зависност од видот на горивото кое се користи за погон на возилото, според табелата:

    Вредности на CO2 Коефициенти
    над до Бензин, Тнг Дизел
    0 0 0 0
    1 50 5 10
    51 75 10 20
    76 90 20 40
    91 100 30 60
    101 110 40 80
    111 130 50 100
    131 140 70 130
    141 150 100 160
    151 170 130 190
    171 190 160 220
    191 225 190 250
    226 225 220 280
    256 >>> 250 320

    ПРИМЕР 1
    Ако вредноста на СО2 издувните гасови на возилото според соодветен документ е 66 g/km и вид на гориво користи дизел, пресметката ќе биде:
    66 х 20=1320 денари (данок)
    НАПОМЕНА:
    Доколку сакате да е дознаете вредноста на СО2 на вашето возило при царинење, посетете не на:
    www.davackizavozila.mk

    Данокот на патничките “plug-in” хибридни електрични возила се пресметува како збир од данок по вредност и специфична компонента данок по СО2:

    (Данок по вредност) 184560 + 1320 (данок според СО2) = 185880 денари (вкупен данок), кој треба да се намали за 50%, или данокот во овој случај ќе биде 92940 денари.

    Вкупниот данок влегува во царинската основица за пресметка на царинските давачки. За да ги дознаете царинските давачки посетете не на www.davackizavozila.mk.

    Кој возила се “plug-in” хибридни електрични возила?

    „Хибридните електрични возила“ претставуваат возила што имаат комбинација на клипен мотор со внатрешно согорување и еден или повеќе електрични мотори. Како механички погон овие возила ја користат енергијата добиена со согорување на гориво и енергијата од уредот за складирање на електрична енергија (електричен акумулатор, кондензатор, генертор, итн…). Постојат повеќе подвидови на хибридни возила, кои се разликуваат според конфигурацијата на моторот (паралелни, сериски хобриди итн…) и според степенот на хибридизација (целосно хибриди, делумно хибриди и „plug in“ хибриди).

    Генерално постојат четири вида на патнички автомобили со вграден електричен мотор и електрични компоненти и тоа:

    Micro – Микро хибридни електрични возила спаѓаат во групата на делумно хибридни возила кои имаат интегриран генератор/стартер кој користи старт/стоп технологија. Технологијата за старт/стоп овозможува да возилото го исклучува моторот со целосно застанување и потоа се рестартира кога возачот го ослободува педалот на сопирачките. За време на возењето, возилото се движи само со мотор со внатрешно согорување. Вообичаено заштедата на горивото е околу 10% во споредба со нехибридно возило.

    Mild – Милд хибридни електрични возила се делумно хибридни возила кои имаат многу слични карактеристики со микро хибридните електрични возила, со исклучок дека интегрираниот генератор/стартер е надграден со посилни електрични компоненти кои помагаат во погонот на возилото. Споредено со микро хибридни електрични возила, електричниот мотор, алтернаторот и батеријата се поголеми и играат поголема улога во работењето на возилото. Вообичаено заштедата на горивото е околу 20-25% во споредба со нехибридно возило.

    Full (Strong) – хибридни електрични возила се слични на милд хибридни електрични возила, бидејќи ги користат истите електрични компоненти како што се електричниот мотор, алтернаторот и батеријата, но тие се многу поголеми. Разликите помеѓу делумно хибридните електрични возила и овој целосно хибридните возила е што вториве возила користат помал мотор со внатрешно согорување и можат да се движат самостојно на електричен погон со помош на електричниот мотор. Вообичаено заштедата на горивото е околу 40-45% во споредба со нехибридни возила.

    Plug-in (PHEV)- хибридни електрични возила во суштина имаат иста конфигурација како и Full (Strong) возилата, но користат уште повеќе намален мотор со внатрешно согорување и имаат поголеми електрични компоненти како што се електричниот мотор, алтернаторот и батерии што можат да се полнат од електричната мрежа преку приклучок. Овој вид на возила може да работат исклучиво на електрична енергија и можат да поминат и 100-тина км пред моторот со внатрешно согорување да почне да работи. Додека моторот со внатрешно согорување работи, ефикасноста на горивото е слична со Full (Strong) возилата.