AMM Logo

“УСЛОВИ И ПРАВИЛА НА КУПУВАЊЕ И ИСПОРАКА”

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА, ОНЛАЈН НАРАЧКА, ПЛАЌАЊЕ И КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ ПРЕКУ ББ-ГРОС* ИНТЕРНЕТ ПРОДАВНИЦА

ВОВЕД

Предмет на овие Општи услови е утврдување на условите за онлајн нарачка, плаќање и купување нa производи преку веб страната на ББ-ГРОС ДООЕЛ* Скопје  www.davackizavozila.com.mk Секој од подолу наведените изрази го има следното значење во смисла на овие Општи услови за онлајн купување:Посетител на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на веб страната www.davackizavozila.com.mk и ја разгледува понудата на производи и/или услуги на ББ-ГРОС ДООЕЛ*. Купувач е физичко или правно лице кое преку веб страната на ББ-ГРОС ДООЕЛ* нарачува и купува производи и/или услуги од понудата на ББ-ГРОС ДООЕЛ*. За Посетителот односно Купувачот, кој стапува во деловен однос со ББ-ГРОС ДООЕЛ* се применуваат позитивните законски прописи во Република Северна Македонија од областа на електронските комуникации, електронска трговија, заштитата на личните податоци и заштитата на потрошувачите, како и Општите услови за начинот на пристап и користење на јавните комуникациски услуги на ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје.

РЕГИСТРАЦИЈА НА КУПУВАЧОТ

Купувачот кој сака да стане корисник на услугата за електронска трговија и сака да нарача и купи производ или услуга од ББ-ГРОС ДООЕЛ* преку веб страната www.davackizavozila.mk потребно е по одбирањето на производот/те да се регистрира на www.davackizavozila.mk, за да може да отпочне и се реализира онлајн нарачката при електронска трговија. Регистрираниот онлајн купувач со пополнување на обрасците при купувањето на веб страната www.davackizavozila.mk во целост ја потврдува точноста на податоците што ги внесува во образецот, вклучувајќи ги и личните податоци. Во моментот на нарачувањето на одреден производ/и од понудата, Купувачот се согласува на овие Општи Услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на производ/и преку веб страницата на ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје. ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје го задржува правото да ги измени овие Правила или да ја укине Програмата за онлајн трговија. Во овие случаи истото ќе биде објавено на интернет страницата на ББ-ГРОС*, www.davackizavozila.com.mk.

УСЛОВИ И ПРАВИЛА ЗА КУПУВАЊЕ

Цените на сите производи на www.davackizavozila.com.mk се изразени во денари со вклучен ДДВ. Цените за онлајн купување може да бидат привилегирани и помали од редовните цени за одредени редовни клиенти и ќе бидат соодветно означени на веб апликацијата www.davackizavozila.mk. ББ-ГРОС* го задржува правото за промена на цените, во согласност со политиката на компанијата, без известување за корисниците. Корекција на цената нема да биде извршена ако нарачката е прифатена. Купувачот се обврзува да ја плати цената, која е понудена во моментот на извршување на нарачката, независно од фактот што цената може да биде променета во меѓувреме. Артиклите кои се означени со специјални промотивни цени, за кои важат специјални промотивни услови и кои се ограничени со количини, од објективни причини постои можност да не бидат процесирани во системот, односно нарачките со тие артикли може да бидат откажани. Купувачот може да ја откаже, дополни или корегира нарачката во било кое време, пред да го реализира плаќањето. Регистрирањето  е задолжително за реализацијата на нарачката, и при нарачката, задолжителни се податоците за контакт, како број од мобилен телефон и e-mail адреса за испорака. По завршувањето на нарачката ќе Ви биде испратена информација на e-mail адресата која ја имате наведено. При евентуални технички проблеми со интернет страната, ББ-ГРОС* има право да ја одбие нарачката или да го прекине процесот на купување, и не сме обврзани да извршиме никакво обесштетување, освен враќање на уплатените средства од страна на купувачот.

НАЧИНИ НА ПЛАЌАЊЕ

Плаќањето за производите и услугите на ББ-ГРОС* купени преку веб страната www.davackizavozila.com.mk (во понатамошниот текст: Производи) може да се изврши на еден од подолу наведените начини:

ПЛАЌАЊЕ СО КРЕДИТНА КАРТИЧКА

Плаќање со Кредитна Картичка, подржани се сите популарни картици во Македонија.
Со избирањето на оваа опција привремено ве пренасочуваме до безбедносниот сервер на банката, каде ќе ја направите трансакцијата. Податоците од вашата картичка не ги гледаме, само од банката добиваме нотификација дека средствата се резервирани, а истите ги наплаќаме откога ќе ја потврдиме нарачката. Откога ќе се префрлите на серверот на банката, сега се што треба да направите е да ги пополнете полињата со деталите од вашата кредитна картичка.
(Инаку во ниту еден момент, ние не ги гледаме, ниту собираме податоците од сесијата со банката, само добиваме известување од банката дали трансакцијата е успешна или не.)
По извршеното плаќање од страна на купувачот вработениот оператор за контрола и потврда на извршена трансакција е должен да ја провери веродостојноста на податоците и износот на извршената уплата со Банкарскиот налог, по што се пристапува кон испорака на производот на дадената e-mail адреса по електронска пошта.

ИСПОРАКА

Производот кој се купува на овој сајт е информација. Испораката на производот или информацијата се врши на e-mail адресата дефинирана од Купувачот при извршената нарачка само на лицето со својство на Купувач или на лицето дефинирано како превземач на нарачката од страна на Купувачот. Трошоците за испорака се преку e-mail адреса и се бесплатни за купувачот. Доколку има проблем со испораката или од страна на купувачот е наведена неточна e-mail адреса, купувачот ќе биде контактиран преку телефон кој го оставил при неговото регистрирање.
Точен мобилен телефонски број и e-mail адресата е задолжителен податок при правење нарачка. Доколку нарачката е направена со неточен мобилен телефонски број и e-mail адреса во потполност се оградуваме од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на Купувачот и/или на трети лица.Рокот на испорака на производот е најмногу во рок од 2 работни дена по извршената онлајн нарачка. Доколку нарачката е направена по 16 часот (од понеделник до петок), истата ќе биде проверена од наша страна наредниот работен ден, и откако ќе се добие потврда за успешната трансакција, започнува да тече периодот за испорака. Доколку нарачката е направена во Сабота, Недела или во друг неработен ден, оваа процедура започнува од првиот нареден работен ден. Нашето мото ќе биде испораката да стигне до Купувач најбрзо што може. Точноста или прецизноста на производот или информацијата ќе бидат во зависност најпрво од внесувањето на доволно податоци при правењето на нарачка. Исто така доста ќе зависи точноста и од дополнителни трошоци кој би настанале при увозот на возилата. Производот или информацијата нема да има никакво правно дејство пред никоја државна или приватна фирма или пред правно или физичко лице. Испораката на производот е само информативен за да знаете колку ќе бидат давачките за возило кое сакате да го увезете.По добиената информација и по извршениот увоз од ваша страна ќе ја оцените нашата прецизност и точност на нашата информација. Секој купувач е должен при превземање на производот или информацијата, да го провери дали производ е соодветен на порачаниот производ.
Доколку производот е испорачан по грешка, или одредени информации недостасуваат од нарачката, купувачот треба да не информира веднаш, како би превземале мерки за отстранување на ненамерната грешка. Во овој случај, трошоците за замена на производот нема да бидат на товар на купувачот. Доколку има доцнење на испораката од страна на ББ-ГРОС*, ќе не контактирате на следната e-mail адреса info@davackizavozila.com.mk или на телефонскиот број 070/223-???.

ОДГОВОРНОСТ НА ББ-ГРОС* ВО СЛУЧАЈ НА ЗЛОУПОТРЕБА, НЕСООДВЕТНО
И НЕОВЛАСТЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ИНСТРУМЕНТОТ ЗА ПЛАЌАЊЕ

ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје во потполност се оградува од каква било одговорност за штетата која може да му биде нанесена на Купувачот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на платежната картичка односно доколку од било кои причини истата е злоупотребена или искористена без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена. Во наведените случаи ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје нема обврска да изврши поврат на уплатените средства. ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје не е одговорен за трошоците за интернет сообраќајот на купувачот и нема да сноси одговорност за било која предизвикана штета која би можела да настане како резултат на прекин на интернет врската во моментот на користење на електронските услуги кога би се вршело онлајн купување.

ЗАШТИТА И СИГУРНОСТ НА ПОДАТОЦИТЕ

ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје се обврзува да ја заштити приватноста на податоците, вклучувајќи ги и личните податоци на Купувачот од веб страницата на ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје и потврдува дека со нив ќе постапува во согласност со Законот за заштита на лични податоци и други позитивни прописи од оваа област валидни во Р. Северна Македонија. Основните правила за собирање, користење и заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје www.davackizavozila.mk, се наведени во Политиката за приватност (link до документот), која исто така е објавена на веб страницата на ББ-ГРОС* Дооел Скопје,www.davackizavozila.mk. Во рамките на оваа Политика за приватност се утврдува кои податоци се собираат за време на посетата или онлајн регистрација и како тие се користат. При посетата на web страницата, ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје не врши автоматско прибирање на лични податоци, освен во случаи кога Купувачот доброволно ќе ги внесе овие информации, на пример, доколку за купопродажба на одредени производи и услуги внесот на лични податоци е задолжителен, во случај на учество во анкети, дополнителни маркетинг активности или барања за информации од страна на ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје. Приниципите наведени во Политиката за приватност се применуваат за заштита на податоците на сите посетители на веб страницата на ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје, вклучувајќи ги и Купувачите на производи и услуги од веб страницата на ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје. Политиката за приватност не се однесува на посетителите на други веб страници до кои се пристапува преку веб страницатa на ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје.

ВРАЌАЊЕ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВАТА

По извршената испорака нема можност да се откаже купениот производ и да се сторнира платениот износ освен во случаи кога корисникот има право да го откаже купувaњето врз основа на императивните одредби на Законот за заштита на потрошувачите. Доколку Купувачот добие е-пошта или СМС потврда за успешно извршено плаќање, а не го добие производот во предвидениот рок, во тој случај Купувачот може да достави приговор во било која продавница на ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје или на info@davackizavozila.com.mk. Купувачот е должен во прилог на приговорот да достави и доказ за потврдена уплата и/или извод од банката за извршена трансакција. На сите кориснички рекламации и поплаки, ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје ќе одговори во законски предвидениот рок од 15 дена.

ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ

Производот/те се резервирани за испорака по добиената потврда за плаќање од страна на Банката. ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје го задржува правото без претходна најава да ги измени овие Општи услови како и содржината на www.davackizavozila.com.mk, а најновата верзија на Општите услови за онлајн нарачка, плаќање и купување на услуги и/или производи преку веб страната на ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје, корисникот ќе може да ги прочита на веб страната на ББ-ГРОС* ДООЕЛ Скопје www.davackizavozila.mk. Измените на овие Општи услови стапуваат на сила со датумот на нивната објава.