ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!
Почитувани корисници,
Ве информираме дека на интернет е забележана веб-страница со идентично име, но со различен домен, која нуди услуги поврзани со пресметка на давачки за увоз на возила. Оваа веб-страница НЕ Е ПОВРЗАНА СО НАС и претставува злоупотреба на нашиот бренд.
Што треба да знаете?
🔹 Квалитет на услугата – Оваа страница наплатува понизок износ за услугата, но НЕ ОБЕЗБЕДУВА ПРЕЦИЗНА КАТАЛОШКА ПРОЦЕНКА. Информациите што ги добивате преку нив се автоматски генерирани и не содржат точна вредност на возилото. Истата информација, можете да ја добиете бесплатно на следниот линк:
https://ite.customs.gov.mk:8080/masterApp/;jsessionid=VN-akjWGH6ll-73YMupNITqT.undefined
*Имајте во предвид дека за оваа пресметка не се користат податоци од каталогот кој би се применувал во постапката пред царинскиот орган
🔹 Отсуство на информации за сопственикот – На веб-страницата не постојат податоци за сопственикот или условите за користење. Вашите лични и финансиски податоци можат лесно да бидат злоупотребени, а во таков случај нема да имате правна заштита, бидејќи сторителот е непознат.
🔹 Наплата во странска валута – Иако цената на услугата е прикажана во денари, наплатата се врши во странска валута (USD) преку меѓународна платформа, што може да доведе до дополнителни трошоци за корисниците.
Нашата препорака
Нашата компанија нема никаква поврзаност со оваа веб-страница и не сноси одговорност за нејзините активности. За да бидете сигурни дека ја користите автентичната и проверена услуга за пресметка на давачки за увоз на возила, секогаш посетувајте ја само нашата официјална веб-страница:
Контакт информации
Доколку имате прашања или забелешки, ве молиме контактирајте нѐ преку нашите официјални канали:
📧 E-mail: info@davackizavozila.mk
📞 Телефон: 072 77 21 21
Со почит,
Тимот на www.davackizavozila.mk