Почитувани корисници,
Ве известуваме дека поради тековните технички проблеми предизвикани од сајбер напад врз системите на Autovista / Schwacke (германскиот каталог), услугата за автоматско пребарување и проценка на возила по број на шасија (VIN) сè уште не е целосно обновена.
Со цел да обезбедиме континуитет во работењето и навремено извршување на услугите, привремено е ставен во функција алтернативен пристап до истиот германски каталог, кој моментално се користи и од Царинска управа на РСМ во постапките за увоз на возила.
Како функционира привременото решение?
Во овој систем пребарувањето и проценката и понатаму се вршат според податоците од германскиот каталог, но наместо по број на шасија (VIN), пребарувањето се врши според:
• марка и модел на возилото
• година на производство
• мотор / гориво / менувач
• ниво на опрема
Што добива корисникот?
По обработката, корисникот добива извештај со пресметка на давачките за увоз врз основа на:
• возило со најниско ниво на опрема, и
• возило со највисоко ниво на опрема
Со тоа, корисникот добива јасен опсег во кој ќе се движи износот на царинските давачки за конкретното возило.
Важно
Доколку го знаете точното ниво на опрема на возилото, ве молиме наведете го при поднесување на барањето, со цел да добиете попрецизна пресметка.
Напомена
Овој привремен начин на работа ќе се применува до целосно воспоставување на системот за пребарување и проценка по VIN број.
Ви благодариме за разбирањето и довербата.
Тимот на davackizavozila.mk